Дома Фудбал Италија Лотито лут: Фубдалерите трчаат во парк, покрај море, а не може на тренинг

Лотито лут: Фубдалерите трчаат во парк, покрај море, а не може на тренинг

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е лут на одлуката на здравствените власти во Италија, кои се уште не им дозволуваат на клубовите да продолжат со редовните тренинзи.

Лотито го нападна „нелогичниот“ декрет на италијанската влада околу забраната за пристап до тренинг-центрите, потенцирајќи дека фудбалерите тренираат во парк и покрај море.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одлуката на владата беше критикувана од повеќе фудбалери, тренери и клубови, бидејќи обичните граѓани ќе можат да трчаат на отворено од 4 мај, додека професионалните спортисти ќе мораат да почекаат до 18 мај за да влезат во тренинг-центрите на своите клубови.

„Знаеме дека овој корона вирус нема да исчезне бргу и ќе мораме да се навикнеме да живееме со него. Важно е да се сфати дека и фудбалот има своја улога во општеството. Ако не продолжи ќе имаме сериозна штета која ќе вреди стотина милиони. Владиниот декрет е нелогичен. Некој кој се натпреварува во индивидуален спорт ќе може да тренира, а фудбалерите не. На крајот ќе ги гледаме Чиро Имобиле и Един Џеко како џогираат во парк или Лоренцо Инсиње како трча на кејот покрај море во Неапол. Апсурдно!“, истакна Лотито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…