Многу европски гиганти имаат проблеми со тоа и по ова лето да ги задржат своите ѕвезди.
Токму поради тоа на „трансфер пазарот“ би можело да биде многу интересно, бидејќи некои големи ѕвезди би можеле да дојдат сосема бесплатно. Со други зборови, на многу познати фудбалери договорите истекуваат на крајот од сезоната и веројатно нема да ги продолжат со актуелениот тим.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во моментов, најголем проблем со ова има Манчестер Јунајтед чии три играчи се под знак прашалник. Се разбира, најголемо внимание се посветува на голманот Давид Де Геа за кого се уште не се знае дали ќе остане или ќе си оди. Освен него, се уште не се знае што ќе се случи и со Мата и Валенсија.
Ливерпул размислува дали да го продолжи договорот со Даниел Стариџ, а Арсенал со Дени Велбек. Напаѓачот на Марсеј, Марио Балотели исто така не знае дали ќе добие нов договор од својот клуб, исто како и Андреа Барзаљи од Јувентус. Некои фудбалери сепак цврсто се одлучени дека ќе го напуштат клубот и на лето ќе бидат бесплатни, а тоа се Робен и Рабио. Ќе биде интересно да се види и каква ќе биде судбината на Даниеле Де Роси во Рома.
Како и да е, не очекува многу интересно лето кога станува збор за траснферите.