Ѕвездата на Лион, Мемфис Депај и официјално испрати порака до клупските челници дека сака да биде продаден ова лето.
Најсилен интерес за Депај покажува Барселона, бидејќи Холанѓанецот е голема желба на новиот тренер Роналд Куман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ тврди дека Каталонците веќе започнале преговори со Лион и сакаат што побрзо да го компетираат трансферот.
Француските медиуми тврдат дека Лион ја поставил целата и за својата ѕвезда бара 30 милиони евра. Холанѓанецот влезе во последната година од договорот, па францускиот клуб не може да бара поголема сума.
Каталонските медиуми тврдат дека Барса е спремна да ја плати таа сума и да го комплетира трансферот во наредните денови.