Дома Трансфер зона Лион потврди: Ќе ги продава ѕвездите на лето!

Лион потврди: Ќе ги продава ѕвездите на лето!

Претседателот на Лион Жан-Мишел Олас најави дека францускиот клуб во летниот преоден рок ќе продаде некои од своите најдобри играчи.

Минатото лето францускиот клуб одолеа на богатите понуди за своите најдобри фудбалери, но следното лето сигурно многу играчи ќе го напуштат „Жерлан“, меѓу кои и Алесандре Лаказет и Корентин Толисо.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Минатото лето направивме напор да ги задржиме главните играчи и тоа се одрази на нашата финансиска рамнотежа. Сега сепак ќе треба да гледаме да оствариме продажба. Можеме да земеме до 170 милиони евра од трансфери на играчи“, изјави Ола.

Претседатеот потврди дека Јувентус во зимскиот преоден рок понудил 35 милиони евра за Толисо, и дека трансферот најверојатно ќе се реализира на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…