Дома Фудбал Останато Линекер „удри“ по ФИФА: Никој не го разбира фудбалот!

Линекер „удри“ по ФИФА: Никој не го разбира фудбалот!

Откако ја искритикува УЕФА за изборот за најдобар гол на сезоната, англиската фудбалска легенда Гари Линекер го направи истото и откако ФИФА ги објави тројцата финалисти за играч на годината.

Според Линекер, голема грешка е фактот што ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не влезе во потесниот озбор на ФИФА.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Никој не го разбира фудбалот. Барселона освои дупла круна најмногу благодарение на Меси. Тој постигнуваше гол на секој меч и неговиот фудбал навистина те тера да уживаш. Елиминацискиот фудбал секогаш е несигурен. Сепак, ако наградата навистина се доделува на најдобриот фудбалер, тој ќе ја освојува секоја година“, напиша Линекер на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

„АС“ пишува: Кариерата на Модриќ во Реал Мадрид е завршена!

Лука Модриќ има договор со Реал Мадрид на уште нешто повеќе од два и пол месеца и се помал…