Италијанскиот гигант Милан е силно заинтересиран за офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.
Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ одбија да го пуштат играчот во јануари, но се свесни дека Лингард ќе замине на лето без обештетување.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Росонерите“ се во потрага по засилување на десната крилна позиција и сака да го донесе Англичанецот.
Лингард дал согласност за трансферот, а минатата недела беше во посета на Милано и имаше средба со својот пријател Ибрахимовиќ.
📰 @PianetaMilan: #ACMilan considering move for #MUFC winger as alternative to €35m-rated Berardihttps://t.co/tfY4ksZfFu #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) March 27, 2022