Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои фјучерс турнирот кој се играше во Иркалион Грција.
Лина во финалето беше подобра од Мириам Бјанку Булгару со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ѓорческа во финалето играше фантастично и не и дозволи на нејзината противничка од Романија воопшто да се закани, па ја декласира во два сета.
Македонската тенисерка имаше шанса да освои титула и во двојки, но вчера загуби заедно со Деа Херџелас во финалето од Гаврила и Каратанчева со 0-2, односно двапати по 4-6.