Дома Фудбал Италија Лигата не му дозволи на Милан едноминутно молчење за Коби, „росонерите“ спремни да платат и казна

Лигата не му дозволи на Милан едноминутно молчење за Коби, „росонерите“ спремни да платат и казна

Милан денес игра протов Торино на „Сан Сиро“ во рамките на Купот и сака да му оддаде почест на трагично загинатиот Коби Брајант.

„Росонерите“ на мечот ќе носат црна трака и побараа од Лигата да им дозволи едноминутно молчење пред мечот, но челниците на Лигата не им дозволија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, „росонерите“ се спремни на тоа и во случај да треба да платат казна, а потврдија дека во 24-та минута на видео-бим ќе му биде оддадена почит на Коби Брајанат со аплауз од целиот стадион.

Коби Брајант поголем дел од своето детство го помина во Италија, каде неговиот татко играше кошарка, и не пропушташе шанса да истакне дека е голем навивач на Милан.

Коби во неколку наврати беше и почесен гостин во тренинг кампот „Миланело“, па италијанскиот клуб сака да му оддаде почит  на легендата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…