Дома Фудбал Лига на шампиони Лигата на шампиони и Лига Европа ќе се доиграат во јули, без публика

Лигата на шампиони и Лига Европа ќе се доиграат во јули, без публика

Денес Европската фудбалска унија (УЕФА) преку конференциски состанок со сите свои членки донесе неколку важни одлуки. 

Во обид да најде најдобро решение, УЕФА реши завршниците на европските купови односно Лигата на шампионите и Лига Европа, да се доиграат во јули и август, односно пред ждребот за следната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако првично беше предвидено финалните натпревари да се одиграат на 24 и на 27 јуни, сепак тие ќе бидат презакажани за подоцна во летото. 

Засега од УЕФА нема прецизни термини, ниту информација како би се доиграле нокаут фазите, кои застанаа на половина од осминафиналната рунда.  

Најверојатно финалните натпревари во Лигата на шампиони чиј домаќин треба да биде Истанбул и оној во Лига Европа што треба да се одржи во Гдањск, најверојатно ќе се одиграат без публика. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …