Дома Македонски спорт Лига Европа: Ренова го пречекува Хајдук, Силекс домаќин на Дрита, Шкендија на гости во Романија

Лига Европа: Ренова го пречекува Хајдук, Силекс домаќин на Дрита, Шкендија на гости во Романија

Трите македонски клуба кои се дел од второто квалификациско коло од Лига Европа ги добија своите противници.

Ренова во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде домаќин на сплитски Хајдук додека фудбалерите на Шкендија и во втората рунда ќе играат на теренот на противникот, овој пат против романски Ботошани.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Силекс кој беше елиминиран во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, автоматски беше сместен во втората рунда во која ќе се соочи на домашен терен со косовската Дрита.

Квалификации за ЛЕ:

Ренова – Хајдук

Ботошани – Шкендија

Силекс – Дрита

Од поинтересните дуели во ова коло ги издвојуваме гостувањето на Тотенхем во Пловдив против Локомотив, додека Милан ќе му гостува на Шамрок Роверс.

Натпреварите се играат на 17. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Американецот го намачи Ѓоковиќ: Србинот по голема борба победи во Шангај!

Новак Ѓоковиќ по голема борба славеше победа против Американецот, Алекс Микелсен со 2:0 во…