Ливерпул ја одби првата понуда на Барселона за Филипе Кутињо. Како што пренесува добро информираниот, Радио Монте Карло, Ливерпул без размислување ја одбил понудата од Барселона од 100 милиони евра.
Каталонците го означија Кутињо како примарна мета кога ќе замине Нејмар, но преговорите ќе се одвиваат многу тешко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп порано денес нагласи дека Кутињо нема да замине по ниедна цена, а тоа Ливерпул сега и го докажа.
Останатите медиуми сега јавија дека Барселона ќе се насочи кон Дибала, и тоа моментално звучи како единствено решение, бидејќи Антоан Гризман исто така е невозможна мисија.
Ситуацијата не е подобра ниту со Дибала, Јувентус нема намера така лесно да се откаже од својот најдобар играч, иако Барселона сега
ќе мора да нападне со сите понуди.
Барселона нема многу избор, ниту време, сезоната почнува за две недели со двомечот со Реал во Суперкупот на Шпанија, а Нејмар веќе ги пакува куферите и ја букира картата за Париз.
Liverpool have rejected a €100m bid from Barcelona for Philippe #Coutinho.
— Mohamed Bouhafsi (@mohamedbouhafsi) July 31, 2017