Една од опциите за замена за Кутињо наводно во Ливерпул е Шпанецот кој беше избркан од „Енфилд“, но сега би можеле да платат и 30 пати поголема сума од онаа за која тој замина.
Во потрагата за наследник на Фелипе Кутињо како едно од потенцијалните решенија во медиумите се споменуваше и името на офанзивецот од Милан, Сусо кој пред четири години буквално беше избркан од „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан тогаш плати 1.3 милион евра за неговиот потпис, а сега би можел да заработи и 30 пати повеќе.
Дека нешто навистина се случува потврдува и соопштението од „росонерите“ кое се појави на нивниот официјален сајт, но и кое сигурно не ги израдувало „црвените“.
„Минатото лето бевме прилично јасно по повод продажбата на Сусо и во септември го продолживме договорот. Тој не е на продажба и нема да замине ниту за 80 милиони евра“, гласеше соопштението од „росонерите“.