Дома Трансфер зона Ливерпул категоричен: Мане останува по секоја цена!

Ливерпул категоричен: Мане останува по секоја цена!

Раководството на Ливерпул воопшто не е загрижено за шпекулациите кои го поврзуваат Садио Мане со трансфер во Реал Мадрид.

Медиумите на Островот се убедени дека „црвеите“ неда го продадат Мане по никоја цена и покрај фактот што шпанските медиуми продолжуваат да го селат Сенегалецот во Мадрид.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Ливерпул е во силна позиција бидејќи Мане пред некоку месеци потпиша нов долгорочен договор со „црвените“ до 2023 година.

Поради тоа од „Енфилд“ воопшто не обрнуваат внимание на шпекулациите и се спремни да ја одбiјат секоја понуда која што ќе пристигна на нивната адреса.

Не е тајна дека Зидан е силно заинтересиран да го види Мане во својот тим од следната сезона. Ова лето „кралевите“ ќе прават реконструкција на тимот, а Сенегалецот е на врвот на листата желби.

Меѓутоа, според последните информации од Островот тоа ќе биде готово „невозможна мисија“, бидејќи Ливерпул е спремен по секоја цена да го задржи еден од своите најважни фудбалери.

https://youtu.be/4talG5j-FyI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ сака да го врати Коман

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна и ова лето би можел да се врати во П…