Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси предводени од Леброн го победија Портланд за водство од 3:1 ?

Лејкерси предводени од Леброн го победија Портланд за водство од 3:1 ?

Кошаркарите на ЛА Лејкерси изминатата вечер го победија Портланд со 135:115 и поведоа со 3:1 во серијата.

Портланд приреди изненадување кога славеше во првиот натпревар, но потоа Лејкерси заиграа многу подобро и го свртеа резултатот во своја корист. Сега тимот од Лос Анџелес има предност од 3:1 и се наоѓа на чекор од полуфинале во плеј-офот на Западната конференција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лејкерси одиграа одличен натпревар и од самиот почеток го диктираа темпото на игра. Веќе после првата четвртина беше јасно дека Портланд нема да помине добро затоа што Лејкерси водеа со 43:25. И во втората четвртина Леброн и друштвото играа фантастично и го решија овој натпревар. Портланд изгледаше немоќно на паркетот. На полувреме фаворитот водеше со 80:51.

Во вториот дел Лејкерси само ја чуваа предност и не дозволија никакво изненадување. Портланд успеа да го ублажи поразот и на крај славеше со 135:115.

До победата Лејкерси беа предводени од Леброн Џејмс кој постигна 30 поени и додаде десет асистенции и шест скокови, Ентони Дејвис уфрли 18 поени и запиша пет скокови и пет асистенции. Кај Портланд најефикасен беше босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ кој натпреварот го заврши со 20 поени, 13 скокови и четири асистенции. Изостана добар настап на Лилард кој уфрли само 11 поени.

Вчера играа и Мајами Хит против Индијана и таму се е завршено. Мајами ја победи Индијана со 4:0 во серијата. Интересно е што резултатот помеѓу Хјустон и Оклахома е 2:2 откако Оклахома вчера славеше со 117:114.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…