Дома Фудбал Италија „Летна“ првата тренерска глава во Серија А – Поранешниот „росонер“ кандидат за негов наследник!

„Летна“ првата тренерска глава во Серија А – Поранешниот „росонер“ кандидат за негов наследник!

Денес во италијанската Серија А ја добивме и првата промена на тренерската клупа.

Првиот тренер кој доби отказ во италијанското првенство оваа сезона е тренерот на Каљари, Масимо Растели.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Растели добива отказ само два дена после поразот на Каљари од Џенова (2:3).

„Му се заблагодаруваме на Растели за двете години кои ги помина во клубот, во кои со голема доза на професионализам и страст го водеше клубот. Беше протагониста во освојувањето на првото место во Серија Б, како и 11 место минатата сезона во Серија А, му посакуваме се најдобро и многу среќа во иднина“, стои во соопштението од Каљари.

Каљари после осум кола се наоѓа на 14 позиција со само шест освоени бодови. Како главни кандидати за негов наследник се споменуваат Масимо Одо и Џузепе Лачини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета следното лето во Арсенал ќе донесе освојувач на „Златната топка“

Виктор Ѓокереш треба да биде загрижен бидејќи следното лето во врвот на нападот може да им…