Дома Фудбал Англија Лестер е тимот кој многу се прашува во завршницата од сезоната во Премиер лигата

Лестер е тимот кој многу се прашува во завршницата од сезоната во Премиер лигата

Полека влегуваме во завршницата од Премиер лигата, а жестока борба се води за сите фронтови.

Манчестер Сити и Ливерпул се во трка за шампионската титула. „Црвените“ имаат два бода повеќе и натпревар повеќе од „граѓаните“ кои до крајот имаа се во свои раце и ако не направат кикс ќе ја одбранат титулата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сити во утре го пречекува Барнли, а потоа му остануваат два натпревари. После Барнли, Манчестер Сити на домашен терен игра со Лестер во рамките од 37-то коло наредниот викенд.

Истиот тој Лестер би можел да ја одлучи и борбата во Лигата на шампионите. За тие позиции борба водат Тотенхем, Арсенал, Челзи и Манчестер Јунајтед.
Интересно е што Лестер во 36-тото коло утре го пречекува Арсенал, а во последното коло овој тим ќе го пречека Челзи.

Значи Лестер би можел да одигра голема улога во шампионската трка и трката за место во Лигата на шампионите.

Кога во прашање е статусот на Лестер тие се безбедни на средината на табелата, не можат ниту да испаднат, ниту да изборат место во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тажни вести од Белград: Почина легендарниот фудбалер на Црвена звезда

Поранешниот капитен на Црвена звезда и водачот на незаборавната „генерација 1984“, Дејан М…