Дома Останати Кошарка НБА Лесна победа на Милвоки против Индијана, Дончиќ со дабл-дабл донесе победа за Далас 🎥

Лесна победа на Милвоки против Индијана, Дончиќ со дабл-дабл донесе победа за Далас 🎥

Десет натпревари во НБА лигата беа одиграни изминатата ноќ.

Во еден од најинтересните натпревари од источната конференција Милвоки Бакси без поголеми проблеми ја совладаа Индијана со резултат 130:110. Бакси доминираа во текот на три четвртини. Во последната попуштија па Пејсерси успеаа да дојдат до -20.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Домаќините до победата ги предводеше Јанис Антетокмупо со трипл-дабл учинок од 21 поен, 14 скокови и 10 асистенции. На другата страна Домантас Сабонис имаше 33 поени и 12 скокови.

Лос Анџелес Клиперси лесно дојдоа до победа на гости кај Кливленд со 121:99.

Пол Џорџ го предводеше тимот од Лос Анџелес со 36 поени, Каваи Ленард додаде 24, а кај Кавси Колин Секстон уфрли 27.

Далас Маверикс на гости славеа против Атланта со 122:116. Лука Дончиќ одигра уште еден добар натпревар и мечот го заврши со 27 поени, 14 асистенции и 8 скокови. Кристап Порзингис уфрли 24 поени и украде 11 топки. Џон Колинс со 35 поени и 12 поени не им беше доволен на Хокси вечерва.

НБА РЕЗУЛАТИ: Шарлот – Филаделфија 111:118, Милвоки – Индијана 130:110, Атланта – Далас 116:122, Чикаго – Њујорк 103:107, Кливленд – ЛА Клиперс 99:121, Мајами – Вашингтон 100:1003, Оклахома – Хјустон 104:87, Сан Антонио – Минесота 111:108, Њу Орлеанс – Феникс 123:101, Сакраменто – Бостон 116:111.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…