Преговорите околку долгоочекуваниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид и официјално започнаа.
Синоќа Реал Мадрид ја испрати првата официјална понуда за Мбапе која изнесуваше 160 милиони евра, но „светците“ експресно ја одбија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите се во напредна фаза, а „Екип“ пренесува дека ПСЖ за слободата на својата ѕвезда бара 200 милиони евра.
Спортскиот директор на „светците“ Леонардо денес призна дека постојат преговори, но го нападна Реал дека работел некоректно и незаконски.
„Понудата на Реал Мадрид за Мбапе изгледа како стратегија за да покаже дека се обидува на секој начин да го ангажира Килијан и тоа е тоа. Тие покажаа непочитување, некоректни се, незаконски и неприфатливи. НЕ прифаќаме 160 милиони евра. Ако сака да оди, тоа ќе биде со наши услови“, изјави Леонардо.
Leonardo: “Real Madrid bid for Mbappé seems like a strategy to show they were trying every way to sign Kylian and that’s it. They’ve been disrespectful, incorrect, illegal and unacceptable. We’re NOT accepting €160m. If he wants to go, it will be for our conditions”. 🔴 #Mbappé
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 25, 2021