Леонарди изгледа донел одлука! Американските медиуми како ударна вест пренесуваат дека Леонард потпиша за Лос Анџелес Клиперс.
Откако Торонто го одоведе до историската титула во НБА, Леонард стана слободен играч.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Постотеше голема шанса да потпише нов договор со Рапторси, но одлучи да се врати во родниот град и да потпише за Клиперси.
Free agent forward Kawhi Leonard will sign with the Los Angeles Clippers, league sources tell Yahoo Sports.
— Chris Haynes (@ChrisBHaynes) July 6, 2019
Оваа франшиза не губеше време, па откако го обезбедиле потписот на одличниот крилен кошаркар направиле трејд и за Пол Џорџ.
Реномираниот американски новинар Адриан Војнаровски соопштува дека Оклахома го трејдувала Пол Џорџ во Клиперси во замена за „рекордна колекција на драфт пикови“. Исто така кон патот на Оклахома ќе тргнат Данило Галинари и Шаи Гилгоус-Александер.
Oklahoma City is trading All-Star Paul George to the Los Angeles Clippers for a record-setting collection of draft choices, league sources tell ESPN.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) July 6, 2019
Инаку, зад Пол Џорџ е одлична сезона во дресот на Тандерс, а сега со Леонард ќе формираат одличен тандем.
Ќе биде интересно дербито на Лос Анџелес наредната сезона. Ќе потсетиме во Лејкерси на Леброн Џејмс му се придружи Ентони Дејвид.
Треба да се спомене дека овие потези на Клиперси не се потврдени, но американските медиуми се сигурни дека се е завршено.