Tимот на Торонто во НБА лигата беше на чекор од победа против Лејкерс, но на крајот изгуби со 131:132, а тоа донесе голем револт кај српскиот тренер Дарко Рајковиќ.
Рајковиќ имаше сериозни забелешки на судиите и смета дека неговиот тим бил драстично оштетен. Рапторс одиграа одлично имаа и осум поени предност во последната четвртфина, но не можеа да го запрат Ентони Дејвис кој постигна 41 поен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, Рајковиќ беше убеден дека судиите одиграле клучна улога.
„Ова е срамно! Голем срам за судиите и лигата што дозволи вакво нешто. Противникот доби 23 слободни фрлања, а ние само две во последната четвртина. Како да го одиграме натпреварот вака? Почитувам ѕвезди, но и ние имаме големи имиња.
Како е можно Скот Барнс кој е одличен кошаркар и секогаш се пробива до обрачот да има само две слободни фрлања цел натпревар? Како ќе ми го објасните тоа? Ако Лејкерс треба да победат, дајте им ја без да играме. И ова не е првпат, Барнс ќе биде и олстар, заштитно лице на лигата. Се е комплетно срање!“, беснееше Рајковиќ удирајќи по масата пред новинарите.
Raptors coach Darko Rajakovic rips the officials after loss to the Lakers pic.twitter.com/nWHty7B9Ot
— Mark Medina (@MarkG_Medina) January 10, 2024