
Фудбалерот на Монако би можел наскоро да го облече дресот на Ливерпул.
Како што јавува водечкиот француски спортски медиум, „Л’Екип“, Ливерпул во своите редови ќе донесе фудбалер од Монако.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Се работи за 17-годишниот Кристијан Кофи, момче кое игра на позицијата офанзивен играч за врска.
Многумина го споредуваат со Мане, поради неговата брзина, но повеќе играше како плејмејкер во младиот тим на Монако.
Ова момче ја претставува Франција кај младинците, а има право да игра и за Брегот на Слоновата Коска.
Како што се наведува, Ливерпул се договорил со ова момче, кој од лети би можел да се приклучи на екипата на Јирген Клоп.