Дома Фудбал Лига на шампиони Легија и Копенхаген сигурно, БАТЕ Борисов и Лудогорец киксираа

Легија и Копенхаген сигурно, БАТЕ Борисов и Лудогорец киксираа

Копенхаген синоќа во Словачка речиси го реши прашањето за патникот во третото претколо од Лигата на шампионите од дуелот со Жилина, победувајќи со 3:1.

Домаќините поведоа пред крајот на првото полувреме преку Спалек, а водата кон воденицата на Данците се сврти во 61-та минута, кога на Жилина им беше исклучен Кацер. Копенхаген потоа постигна три гола, а троен стрелец беше српскиот напаѓач Андриј Павловиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


БАТЕ Борисов и Алашкерт ремизираа 1:1. Белорусите во водство дојдоа преку Риос пред крајот на првото полувреме, а потоа тој ја погоди и сопствената мрежа за изненадувачки добар резултат за гостите.

Легија оствари сигурна победа од 3:0 во гости кај Маренхајм. Полјаците веќе во првите 45 минути го решија прашањето на победникот со головите на Гиљермо, Наги и Хамалаинен. Вреди да се истакне дека Финците натпреварот го завршија со десет играчи откако им беше исклучен Дафае.

Жалгирис во интересен натпревар го совлада фаворизираниот Лудогорец со резултат 2:1. Бугарите во водство дојдоа во 18 минута, а пред крајот на мечот Литванците го свртеа резултатот. Стрелци беа Нјуидази и Куклис, додека Сернас заработи исклучување во судиското продолжение.

Дундалк и Розенборг одиграа нерешено 1:1. Ирците во водство дојдоа преку МекМилан во 18-та инута, а Региниусен го постави конечниот резултат пред полувремето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…