Дома Фудбал Останато Легендите остануваат вечно: Ван Перси ја заврши кариерата! (ВИДЕО)

Легендите остануваат вечно: Ван Перси ја заврши кариерата! (ВИДЕО)

Робин Ван Перси ја заврши кариерата.

Легендарниот холандски фудбалер денес во дресот на Фејенорд го одигра последниот натпревар во кариерата, а навивачите му приредија фантастично испраќање.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ван Перси играше до судиското продолжение. Тренерот на домаќините Џовани Ван Брохорст зачува една измена за навивачите да го испратат во голем стил.

Тоа и се случи. При неговото излегување доби големи овации, а му беше посветен и еден транспарент.

„Легендите остануваат засекогаш“…

Холанѓанецот е дете на Фејенорд. Помина тука пет сезони, а во 2004 година премина во Арсенал каде што стекна големо име и почит. За Арсенал одигра 278 натпревари и постигна 123 гола, а потоа ги налути навивачите на овој клуб кога одлучи да потпише за Манчестер Јунајтед.

Силно го посакуваше трофејот во Премиер лигата, а со Арсенал тоа никако не му успеваше. Со Манчестер Јунајтед го подигна пехарот уште во првата сезона.

На „Олд Трафорд“ остана три сезони потоа играше во Фенербахче, за во 2017 гофина да се врати во Фејенорд каде денес завршува со професионалното играње фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…