Легендарниот десен бек на Реал Мадрид, Мичел Салгадо порачува дека ќе биде многу тажен ако Кристиано Роналдо го напушти „кралскиот“ клуб.
Роналдо е според шпанските медиуми на чекор од трансфер во Јувентус, а Салгадо вели дека ќе биде тажен поради тоа.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Ако замине ќе ме боли. Роналдо е играч кој одбележа една цела ера во Реал Мадрид. Го познавам добро, кога ќе ја донесе одлуката ќе ги земе во предвид можните последици“, изјави Салгадо.
„Ако не замине се уште ќе уживаме во неговите мајстории. Тој е чудовиште, феномен и ако замиме мораме да му се заблагодариме на се што направи. Ќе биде болно да се гледа како заминува, но мораме да прифатиме дека тоа е негова одлука и дека постои причина за тоа“, додаде Салгадо.