Дома Трансфер зона Легендата на Ливерпул знае кој фудбалер би бил одлична замена за Салах

Легендата на Ливерпул знае кој фудбалер би бил одлична замена за Салах

Мохамед Салах е пред заминување од Ливерпул, летово влегува во последните 12 месеци од договорот и не е исклучено да продолжи во Саудиска Арабија.

Според пишувањата на Островот од ден во ден се намалуваат шансите Салах да остане во Ливерпул, а еден од легендарните фудбалери на Ливерпул, Марк Лоренсон, истакна дека постои играч кој би можел да го замени.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој го именуваше фудбалерот на Вест Хем, Џерод Бовен.

„Тој може да игра на сите позиции во нападот, на сите три, постигнува голови и работи навистина напорно. Нема да го добиете новиот Мохамед Салах сигурно, меѓутоа ќе добиете нешто ново во тимот., рече Лоренсон.

Лоренсон верува дека Ливерпул летово паметно ќе ги троши парите.

„Можеби е најдобро што приоритет е стопер, но се ќе зависи од тоа колку пари ќе има Ливерпул. Можеби замена за Салах не е ни потребна“, додаде Лоренсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…