Според најавите на повисоките функционери во Јужна Кореја, селекторот Јирген Клинсман ќе добие отказ.
Причината е елиминацијата во полуфиналето на Азискиот куп од репрезентацијата на Јордан која беше најголемо изненадување на турнирот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Постигнавме консезус Клинсман повеќе да не биде селектор на националниот тим од различни причини, промената е неопходна“, изјави техничкиот директор и член на одборот на репрезентација на Јужна Кореја, Хвангбо Кван.
Овој одбор не е тело кое носи одлуки, но дава препораки за кои потоа треба да одлучуваат луѓето во Извршната канцеларија на сојузот.
Јужна Кореја беше голем фаворит на Азискиот куп па затоа елиминацијата во полуфиналето се смета како неуспех.