Дома Фудбал Останато Легендата на Барселона: Мбапе е преценет!

Легендата на Барселона: Мбапе е преценет!

Легендата на Барселона, Ерик Абидал, кој кариерата ја заврши во Монако вели дека неговиот сонародник Мбапе не вреди 130 милиони евра, колку што моментално е проценет.

Мбапе е одличен играч, но цената од 130 милиони евра не е реална. Мислам дека сака да остане во Монако и да ја потврди одличната сезона. Мора да донесе одлука што ќе му гарантира минутажа. Не заборавајте наскоро следува Светското првенство во Русија“, изјави Абидал за радиото „Каден сер“.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Според медиумите, сериозен интерес за младиот напаѓач покажуваат Реал, ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити и Ливерпул.

Абидал смета дека во модерниот фудбал премногу пари се трошат на нови играчи. Како пример го посочи трансферот на Пол Погба, кој минатото лето постави светски рекорд.

„Кога се издвојуваат суми од 105 милиони евра, како што е случајот со Погба, тогаш играчите со поголем талент вредат и 200 милиони. Едноставно тука немате реална проценка на вредноста на фудбалерот. Колкава е тогаш цената на Меси и Нејмар?“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…