Дома Фудбал Останато Легендата на Барса: Никогаш не би го одбил Реал Мадрид

Легендата на Барса: Никогаш не би го одбил Реал Мадрид

Легендата на Барселона, Ривалдо ги разочара фановите на каталонскиот гигант и призна дека не би го одбил Реал Мадрид.

Бразилецот имаше одличен однос со легендарниот Роналдо и би сакал да игра со него во Реал Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Би било одлично да играв со Роналдо во Реал Мадрид. Ќе бевме страшен тандем. За Бразил покажавме што можеме, а ќе бевме уште поопасни доколку хемијата од клубот ја пренесевме во репрезентацијата. Одбраната на противникот би се плашела од нас, без оглед каде ќе игравме“, кажа Ривалдо.

Бразилецот откри дека во 2002 година можел да заврши во Мадрид.

„Тоа лето Роналдо потпиша за Реал Мадрид. Тие ме сакаа и мене. Никогаш не би одбил понуда од Реал затоа што играв за Барселона. Тие секогаш ќе бидат мој клуб, но не би го одбил Реал“, призна Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…