Дома Фудбал Германија Легендата на Баерн: Оставете го Кутињо, Манџукиќ може да го врати клубот на врвот!

Легендата на Баерн: Оставете го Кутињо, Манџукиќ може да го врати клубот на врвот!

Стефан Ефенберг верува дека Баерн Минхен би требало да се откаже од доведувањето на Кутињо и место него да го врати Манџукиќ во тимот, пишува „Гоал“.

Германскиот шампион веќе некое време преговара со најскапиот играч во историјата на Барселона, а Ефенберг смета дека неговото доведување би било преголем ризик.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кутињо е одличен, но со него Баерн премногу би ризикувал. На Баерн му е потребен играч кој веднаш ќе му помогне и ќе направи разлика, а за тоа постои еден подобар избор од Кутињо. Манџукиќ апсолутно би бил топ трансфер. Тој може да му помогне на Баерн да се врати онаму каде што припаѓа – на врвот на Европа“, изјави Ефенберг.

Баерн со Јувентус преговара за опција да го позајми Манџукиќ за потоа во 2020 да го откупи неговиот договор, ќе видиме дали до крајот на преодниот рок оваа зделка ќе се реализира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ал Наср зема уште една ѕвезда од Англија – Фернандеш го напушта „Олд Трафорд“

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, би можел да направи голем трансфер ова л…