Дома Фудбал Италија Легендарниот Јап Стам предвидува: Лацио може да го освои Скудето

Легендарниот Јап Стам предвидува: Лацио може да го освои Скудето

Славниот холандски фудбалер Јап Стам предвидува дека неговиот поранешен клуб Лацио може да го освои Скудето оваа сезона.

Стам во дресот на Лацио играше во периодот од 2001. до 2004. година и во тоа време го освои Купот на Италија. Две сезони пред да стигне тој во клубот римската екипа ја освои последната титула во Серија А. Стам смета дека ова може да се повтори оваа година.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Мене лично не ме изненадува што Лацио игра така добро. Работат многу напорно неколку години и можат да го освојат Скудето оваа сезона.“ – изјави Стам и го пофали тренерот Симоне Инзаги.

„Инзаги ме импресионира. Сите играа одлично под негова палка, на секоја позиција. Тој е тактичар со одличен карактер. Ако на тимот му оди добро, тоа е благодарение на него.“

Инаку, Лацио моментално е само бод зад Јувентус во Серија А на 12 кола пред крајот на шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФФМ потврди: Беса нема да игра во Втора лига, допрва ќе се одлучува за празното место!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека ФК БЕСА 1976 АД Добр…