Низ ерата на Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, дресот на „Црвените ѓаволи“ го носеа голем број на легендарни фудбалери.
Некои останаа запаметени како дискретни херои, а Андреј Канчељскис спаѓа во таа категорија. Рускиот офанзивец доживеа непријатност во Москва, односно беше претепан за време на финалето на Европското првенство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед се здоби со тешки физички повреди по натпреварот откако прво вербално се пресметал со двајца мажи во паб во Москва. Според извештаите, Канчељскис изгубил свест откако бил претепан, а персоналот на угостителскиот објект му пружил помош пред да биде повикан лекар.
Легендарниот фудбалер своите фотографии по тепачката ги испрати до медиумите во Англија, а потоа објасни дека сега се чувствува добро.
Сега сум добро, тоа беше мал конфликт… Тепачката не се случи поради фудбалот, туку прашање од лична природа. Дадов исказ во полиција и не знам што ќе биде понатаму. Не сакам да зборувам за тие работи, најверојатно ќе следи судење, ја чекам официјалната одлука – напиша Канчељскис.
An ex-Man Utd cult hero has been left unrecognisable after an alleged bar fight
— Mirror Football (@MirrorFootball) July 17, 2024
He required first-aid with an ambulance also called 🚑https://t.co/WjXckvQ0qI pic.twitter.com/Er0vSSuY3P