Дома Топ вести Легендарниот Патрик Виера пронајде нов ангажман

Легендарниот Патрик Виера пронајде нов ангажман

Поранешниот легендарен репрезентативец на Франција, Патрик Виера во наредниот период ќе биде тренер на францускиот Стразбур.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Виера така по три години се враќа во својата земја. Во 2020 година ја водеше Ница, а сега седнува на клупата на Стразбур.

Во претходните две години поранешниот фудбалер на Каен, Милан, Арсенал, Јувентус, Интер и Манчестер Сити го водеше Кристал Палас. И во новиот клуб ќе има мала поврзаност со Премиер лигата, бидејќи сопственик на Стразбур е газдата на Челзи, Тод Боели.

Покрај Ница и Кристал Палас, Виера ги тренираше уште Њујорк Сити и резервниот тим на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нема повеќе дилеми: Арбелоa потврди крај за две ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го победи Севилја на гостување со 1:0, во натпревар без резултатско зна…