Дома Фудбал Италија Легендарниот капитен на Парма кажа КРАЈ

Легендарниот капитен на Парма кажа КРАЈ

Легендата на Парма, Алесандро Лукарели синоќа на прославата по повод враќањето во Серија А официјално објави крај на кариерата.

„Се гордеам што бев капитен на овој прекрасен тим. За мене беше чест да го носам дресот на Парма и да сум еден од вас“, изјави Лукарели пред навивачите на „Енио Тардини“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


40-годишниот дефанзивец остана во тимот по банкротот и исфрлањето во четвртата лига. Лукарели помина вкупно 10 години во Парма, а во знак на благодарност, клубот го повлече дресот со бр.6

Лукарели е рекордер на Парма по бројот на одиграни натпревари има вкупно 351 натпревар за „војводите“ и е на 4-то место на вечната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…