Дома Фудбал Останато Легендарниот Дел Пјеро во Ал Наср?

Легендарниот Дел Пјеро во Ал Наср?

Италијанската фудбалска легенда Алесандро Дел Пјеро би можел да биде следното големо европско име кое ќе го засили таборот на саудискиот Ал Наср.

Дел Пјеро е една од најголемите легенди на Јувентус, долго време ја носеше капитенската лента на овој клуб, а кариерата ја заврши во 2015 година и од тогаш немаше ангажман во ниту една функција во фудбалот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Често се појавуваше како стручен коментатор на италијанскиот „Скај“, но иако имаше понуди не се одлучи да работи во фудбалот.

Сега се пишува дека може да биде нов спортски директор на Ал Наср. Наводно, Гуидо Фиенга кој неодамна Ал Наср го назначи за извршен директор сака Дел Пјеро да ја извршува оваа функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…