Што ви паѓа на памет кога во прашање е преодниот рок на Манчестер Јунајтед?
Во овој момент Јунајтед најмногу проблеми има по страничните позиции, а левата страна е посебно проблематична бидејќи Мурињо не е задоволен со ниту една опција на тој дел од теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога ќе ја погледнете неговата листа на желби, можеби звучи неверојатно, но на листата има исклучиво фудбалери кои се подобри со левата нога.
Да започнеме по ред, Герет Бејл е првата желба, него Мурињо може да го користи во скоро секоја формација, а се зборува и дека трансферот на Месут Озил е завршена работа. Иако го сака Барселона, Германецот наводно се договорил со Мурињо со кого соработуваше во Реал и на „Олд Трафорд“ би требало да пристигне како слободен фудбалер.
Покрај овие двајца Мурињо го сака и Дени Роуз, левиот бек на Тотенхем кој е во конфликт со Покетино и клубот, па шансите да го напушти „Вајт Харт Лејн“ се големи.
И на крајот, доколку Јунајтед се согласи да ја плати клазулата од 100 милиони евра за Антоан Гризман кој исто така повеќе ја користи левата нога, јасно е дека ова ќе биде револуција во клубот.
Во овој момент во Јунајтед фудбалери кои се подобри со левата нога се Матиќ, Блинд, Шо, Рохо, Мата, додека Погба, Ибрахимовиќ, па и Микхтаријан подеднакво добро се служат и со двете нозе.