Дома Фудбал Германија Левандовски ќе си замине од Баерн со правило на ФИФА кое ретко се користи

Левандовски ќе си замине од Баерн со правило на ФИФА кое ретко се користи

Роберт Левандовски нема дилеми и сака да си замине од Баерн, тоа веќе го потврди неколку пати.

“Мојата ера во Баерн заврши. Не гледам повеќе можност да играм за овој тим. Баерн е сериозен клуб и мислам дека нема да ми прави проблеми. Трансфер во овој момент е најдоброто решение. Се надевам дека нема да бидам спречен“, изјави Левандовски.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, Баерн постојано повторува дека нема да го пуштат и дека сакаат да го задржат до истекот на неговиот договор. Тоа го налути 33-годишниот напаѓач и неговиот агент Пини Захави и тие се подготвени да направат преседан и да го искористат правилото на ФИФА кое навистина ретко се користи.

Според правилата на ФИФА, играч кој има над 28 години и кој има две или помалку години договор со некоја екипа, може да го откупи сопствениот договор за помалку од 20 милиони евра.

На претседателот Баерн Хајберт Хајнер воопшто не му се допаѓа ова правило. Во интервју за „Билд“, тој истакна дека правилото не е фер кон клубовите.

„Отсекогаш укажувавме дека Левандовски има договор до 30 јуни 2023 година, а договорот е договор. Каде ќе одиме ако некој играч може самоволно да го раскине договорот. Тоа не е фер. Тоа не може да оди така. “, рече Хајнер.

Тој е изненаден што Левандовски одлучил јавно да каже дека не сака да се врати во клубот.

“Изненаден сум што го избра тој начин. Јас не би го направил тоа на негово место, особено што тој е долго време во Баерн. Освои бројни награди и двапати беше најдобар играч во светот. Тој знае што претставува за овој тим“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…