Роберт Левандовски со сите сили се обидува да го напушти Баерн.
Полскиот напаѓач од поодамна има договор со Барселона, но клубот од Минхен не сака така лесно да го пушти искусниот фудбалер. Досегашните понуди до каталонскиот гигант беа одбиени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн бара 50 милиони евра плус бонуси и наводно Барса во наредните денови би требало да ја заврши работата околу Левандовски. Искусниот 33-годишен напаѓач се појави на закажаниот термин на припремите. Новинарските екипи го следеа секој негов чекор на денешниот тренинг и тврди дека Лева бил многу отсустен.
„Неговиот говор на телото јасно покажува дека сака да замине. Прво доцнеше на состанокот на екипата, потоа последен се појави на теренот. Последен ги започнуваше сите вежби. Ги одработи сите, но не беше целосно посветен“.
„Едвај разговараше со соиграчите. Единствен кој имаше разговор со него беше Леон Горецка, а Џамал Мусиала неколку пати се пошегува со него“.
Немало разговор ниту со тренерот Јулијан Нагелсман.
„Не разговараа. Кога Нагелсман држеше говор, Левандовски изгледаше незаинтересирано, се држеше на страна и гледаше наоколу. Во меѓусебниот натпревар беше во првиот тим, не се трудеше, не одеше по топката и не постигна гол. Неговиот тим изгуби и мораа да прават склекови, Левандовски не сакаше да ги прави“, пишува „Билд“.
Исто така се наведува дела полскиот напаѓач експресно го напуштил тренинг-центарот и тоа далеку пред сите други фудбалери на Баерн.
Training im Auswärtstrikot. ✨⚽
— FC Bayern München (@FCBayern) July 13, 2022
🗞️ So lief die Einheit am Mittwoch: https://t.co/LEG0dNCN6s#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/MjZmVCuaMw