Дома Фудбал Германија Левандовски се враќа во тимот на Баерн

Левандовски се враќа во тимот на Баерн

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Роберт Левандовски денес тренираше со екипата и ќе биде спремен за гостувањето во викендот кој следи.

Баерн вчера славеше против Леверкузен со 2:0 и така го искористи поразот на второпласираниот Лајпциг во Келн и во сабота победа против Мајнц ќе му биде доволна да ја обезбеди деветтата титула во низа шампион на Германија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Левандовски отсутен беше цел април поради повреда која ја заработи во настапот за репрезентацијата на Полска. Тренингот на Баерн го посети претседателот Карл-Хајнц Румениге кој се поздравил со полскиот голгетер.

Натпреварот помеѓу Мајнц и Баерн се игра во сабота во стандардниот термин од 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Галатасарај може да се засили со фудбалер на Манчестер јунајтед вреден 50 милиони евра!

Турскиот шампион Галатасарај планира да го засили својот тим за време на зимскиот трансфер…