Полскиот офанзивец, Роберт Левандовски секако е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а тоа го докажува и во дресот на Барселона од поечтокот на сезоната.
Впечатокот е дека Левандовски во изминатите години ја заслужи „Златната топка“, но сепак пред него до наградата стигнуваа некои други играчи, најмногу се истакнува случајот во 2021 година кога Меси ја освои.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Левандовски не ја криеше желбата да стигне до ова престижно признание и таква цел има во неговиот нов клуб. Полскиот голгетер во неговата последна изјава истакна дека според него во Барселона полесно може да се дојде до оваа награда.
„Се чувствувам како да сум долго во Барселона. Не очекував навивачите да го скандираат моето име толку брзо. Барселона е тим кој дал најмногу освојувачи на „Златната топка“ и мислам дека патот до оваа награда е пократок кога сте во Барса отколку во Баерн“, изјави Левандовски.
Левандовски во Барселона пристигна за сума од 50 милиони евра.