Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски во интервју за полските медиуми зборуваше за наградата на ФИФА.
33-годишниот напаѓач не ја доби „Златната топка“, но потоа му беше доделена наградата на ФИФА, што за него била позначајна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Размислував за двете награди. И на крајот дојдов до заклучок дека наградата на ФИФА е позначајна. За „Златната топка“ пресуден е гласот на новинарите. Од друга страна, за наградата на ФИФА се слушаат гласовите на фудбалерите, тренерите и на новинарите. Капитените и тренерите можат многу пореално да ги оценат нашите игри бидејќи се дел од фудбалската игра“.
„Но, не е дека не можам да спијам поради изборот за „Златната топка“. Особено затоа што сфатив дека тука игра улога и политиката. Резултатот од гласањето не може да влијае на мене. Единствено ми е важно да уживам во играта и да им помогнам на моите соиграчи да победат“, изјави Левандовски.
При гласањето за наградата на ФИФА, Левандовски даде глас за Лионел Меси, додека Аргентинецот не гласаше за него.
Lewandowski on whether he's holding grudges against Messi for not voting for him in The Best: "I voted for Messi because I appreciate what he did in 2021 and, of course, earlier too. Messi voted for me in the Ballon d'Or – why his point of view changed later? I don't know." pic.twitter.com/tBEsDfvsvo
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) February 3, 2022