Дома Фудбал Останато Левандовски: Во Баерн ме лажеа и зборуваа глупости за мене

Левандовски: Во Баерн ме лажеа и зборуваа глупости за мене

После осум години Роберт Левандовски го напушти Баерн Минхен и тоа на не баш начин на кој се очекуваше.

Подолго време Левандовски се убедуваше со раководството да го пушти во Барселона. Во јавноста се шпекулираше дека несогласувањата на Левандовски и клубот започнале затоа што Баерн сакал да го замени со Халанд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, полскиот голгетер тврди дека тоа не е вистина.

„Не, тоа не е вистина. За мене вистината е најважна, па дури и тогаш кога е лоша за мене. Не сакам да откријам што точно се случуваше, но Халанд не е причината. Не гледам зошто би имало проблем ако Халанд дојдеше во Баерн. Одредени луѓе во Баерн постојано ме лажеа. Сакав се да биде чист, а на некои тоа не им одговораше. Почувствував дека дојде вистинскиот момент да си заминам. За мене се зборуваа многу глупости и лаги, но не ме интересира затоа што знам дека навивачите се на моја страна“, изјави Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Душан Влаховиќ потпишува, но не за Јувентус?

Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србин…