Селекторот на Германија отпиша тројца играчи на Баерн Минхен за претстојните натпревари.
Жером Боатенг, Матс Хумелс и Томас Милер повеќе нема да бидат дел од репрезентацијата на Германија. Овие играчи учествуваа во освојувањето на Светското првенство во Бразил во 2014 година, но нивниот пат во репрезентацијата сега е завршен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јоаким Лев порача и дека 2019 година ќе биде нов почеток за германската фудбалска репрезентација и дека е време за промени.
„Поминавме многу години заедно во репрезентацијата и нивниот допринос е огромен. Им се заблагодарувам на Матс Хумелс, Жером Боатенг и Томас Милер за успешните, извонредните и единствените години кои ги поминавме заедно“, изјави Лев.
Германија на Светското првенство Русија доживеа вистинско фијаско и се очекуваше Лев да остане и без работа, сепак тоа не се случи. Сепак, изгледа дека Лев се одлучил да направи радикални промени за да ја врати оваа селекција на победничките патеки.
Ќе потсетиме, Германија на последното Светско првенство доживеа голема катастрофа кога натпреварувањето го заврши уште во групната фаза и тоа како последнопласирана репрезентација.
2018 година дефинитивно беше една од најлошите, ако не и најлоша година во историјата на германскиот репрезентативен фудбал, па поради тоа јасно е дека промени се неопходни, па ова веројатно е само почеток на подмалдувањето на селекцијата.