Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс ќе игра со нови имиња, Вејд прави кам бек дома

Леброн Џејмс ќе игра со нови имиња, Вејд прави кам бек дома

Ајзеа Томас остана само неколку месеци во редовите на Кавалирс.

Во последните моменти на транафер периодот, тимот на Леброн Џејмс се раздели со плејмејкерот, па го испрати во ЛА Лејкерс.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кави во спротивна насока ги добија Џордан Кларксон и Лари Нанс Џуниор.

Томас, кој пристигна во Кливленд со договорот за Каири Ирвинг во летото, ги пропушти првите 2 месеци од кампањата, а со него во составот, скорот на Кавс беше 7-8.

Двејн Вејд исто така беше трејдуван надвор од Кливленд. Тој заврши дома, во Мајами Хит, откако Кавалирс се согласија да добијат пик од втора рунда за него.

Инаку, оваа распродажба во Кливленд доаѓа по лошите резултати на тимот во последниот месец, и нетрпението помеѓу новите играчи со старата гарда.Исто така, ова е обид на раководството да се задржи Леброн Џејмс, чиј договор истекува на крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пркоси на границите на физиката, но и на медицината: Јокиќ ги изненади сите во Торонто (Видео)

Најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ беше присутен на ноќешната победа на Денвер Наг…