Ѕвездата на Кливленд Леброн Џејмс призна дека со големи болки и скршена дланка ги одиграл последните три натпревари во финалето против Голден Стејт.
Тој не откри многу детали и само кратко истакна: „Дозволив да ме понесат емоциите, па последните три натпревари практично ги играв со скршена рака!“
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според ЕСПН, ѕвездата на Кливленд беснеел во соблекувалната по натпреварот број 1 и со бокс удрил во една табла за цртање. „Коњаницата“ беше на прагот на победа во овој меч, но имаше неколку судиски одлуки на нивна штата во финишот, а тука беше и глупавиот потег на Џеј Ар Смит во последните секунди, па Голден Стејт по продолженија стигна до триумф.
Леброн Џејмс постигна 51 поен на тој меч и реализираше седум тројки од 16 обиди. На следните три натпревари бројките драстично паднаа и „Кралот“ се мачеше со шутот од дистанца.