Суперѕвездата на НБА, Леброн Џејмс ќе дебитира за Лос Анџелес Лејкерс на 18 октомври при посетата кај Портланд, соопштија од Лигата.
Два дена подоцна, навивачите на Лос Анџелес ќе го видат „кралот“ во „Стејплс Центар“ за првпат кога тимот ќе го пречека претендентот за тиутлата, Хјустон Рокетс.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Џејмс ќе се врати со својот нов тим во Кливленд за првпат на 21 ноември, додека Голден Стејт ќе ги пречека ЛА Лејкерс на 26-ти декември во најинтересниот натпревар од новогодишна програма.