Дома Фудбал Останато ЛЕ: Ревија на стативи и два гола во ремито на Лајпциг и Аталанта

ЛЕ: Ревија на стативи и два гола во ремито на Лајпциг и Аталанта

Фудбалерите на Лајпциг ремизираа на домашен терен со Аталанта во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Во интересен дуел на две напаѓачки ориентирани екипи видовме два гола, но можеше да има барем уште толку. Аталанта поведе во 17. минута кога Муриел после додавањето од Запакоста го матираше Гуљаш.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Следуваше офанзива на домаќините, Андре Силва погоди статива, а на другата страна таква закана испрати Пашалиќ. Продолжија биковите да напаѓаат, досуден беше пенал во 58. минута, промаши Силва, во таа прилика се истакна Мусо.

Сепак, Аргентинецот не можеше ништо во нареднито напад после центрашутот на Анхелињо автогол си постигна Запакоста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…