Холандскиот дефанзивец Стефан де Вриј ова лето ќе го напушти Лацио и како слободен ирач ќе се пресели во редовите на милански Интер.
Италијанските медиуми тврдат дека Лацио веднаш пронашол замена за Холанѓанецот, а станува збор за германскиот дефанзивец Холгер Батштубер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Батштубер важеше за еден од најголемите германски таленти и му се претскажуваше блескава кариера кога го носеше дресот на Баерн Минхен.
Меѓутоа, големиот број на повреди го успорија неговиот напредок, но Батштубер минатата сезона ја одигра на високо ниво во дресот на Штутгарт.
Германецот е моментално слободен агент и наводно веќе се договорил со Лацио каде во следните денови ќе биде и официјално претставен.