Македонската ракометна репрезентација денес ја победи Црна Гора во пријателски натпревар во Стара Пазова. Во договор на двете страни средбата се одигра во три полувремиња.
Првото полувреме Македонија го доби со 22:17, а по 60 минути игра резултатот гласеше 39:37. Двајцата селектори се договорија да одиграат и дополнителни 30 минути со цел да се испробаат сите тактички замисли.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот Кирил Лазаров беше задоволен од тоа што го виде од ракометарите
„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките.
Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар.
Играчите ќе добијат заслужен одморот. Со работа продолжуваме на 2. јануари“.