Дома Фудбал Неверојатно: Први се на табела, а имаат негативна гол-разлика!

Неверојатно: Први се на табела, а имаат негативна гол-разлика!

Како е можно? Тим со негативна гол-разлика водечки во соседство

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првото место во црногорската лига го држи екипа со негативна гол-разлика

Фудбалот често нè изненадува со неочекувани приказни, но она што моментално се случува во Црна Гора е вистинска реткост. Во највисоката конкуренција, лидерот на првенството по 11 одиграни кола има – негативна гол-разлика.

Главниот херој на оваа приказна е Дечиќ од Туза, кој во последното коло минимално го надигра Јединство од Биело Поле (1:0). Со оваа победа го искористија поразот на Сутјеска од Будуќност и го презедоа врвот на табелата. По овие 11 натпревари, Дечиќ има 20 бодови, два повеќе од Петровац и три од Сутјеска, а гол-разликата им изнесува 15:16.

Како е можно водечката екипа во првенството да има повеќе применети отколку постигнати голови?

Одговорот лежи во нивните резултати – речиси сите победи се минимални, додека поразите беа поубедлви.

Дечиќ оваа сезона има запишано шест победи, две ремија и три порази. Во дури пет случаи победиле со еден гол предност, а најубедливата победа била против Сутјеска со 3:1. Од друга страна, кога губат – губат убедливо. Будуќност и Бокељ ги совладале со 2:0, додека Језеро ги декласираше со 4:0. Овие тешки порази ја „поквариле“ вкупната слика и довеле до негативната гол-разлика.

Интересно е што покрај Дечиќ, уште само три клуба лигата имаат негативна гол-разлика – и сите се на дното на табелата. Ова дополнително истакнува колку е необично да се види водечка екипа со ваква статистика.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…