Дома Македонски спорт Лазаров: Ова Европско е нерегуларно, чудно ми е како само една репрезентација немаше проблеми со коронавирусот

Лазаров: Ова Европско е нерегуларно, чудно ми е како само една репрезентација немаше проблеми со коронавирусот

Maкедонскиот селектор Кирил Лазаров во интервју за хрватски „Индекс“ истакна дека актуелното Европско првенство во кое Македонија испадна во првиот круг може да се оцени како нерегуларно.

Оценката на Лазаров доаѓа поради натпреварот помеѓу Исланд и Хрватска (22:23) во кој двете селекции влегоа многу ослабени и изморени поради отсуствата со заразените од ковид-19.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„На таа средба победи репрезентацијата што беше помалку уморна. На ова првенство не важат правила и нема регуларност. Не можете да ја процените силата на една репрезентацијата затоа што порано или подоцна сите имаа големи проблеми“.

Лазаров е изненаден како само една селекција досега немала проблеми со вирусот.

„Чудно ми е како само Данска нема вакви проблеми. Сите други во одреден момент имаа проблеми затоа го сметам ова ЕП за нерегуларно“, изјави Лазаров.

Интервјуто на Лазаров можете да го прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Луд резултат во македонскиот ракомет: Противник на Алкалоид даде само четири гола цел натпревар!

На еден натпревар од младинските ракометни лиги во Македонија беше забележан резултат како…